Connect with us

Фудбал

Петковиќ ја напушти селекторската функција на алжирската репрезентација

Фудбалската федерација на Алжир објави на својата официјална веб-страница дека го раскинала договорот со селекторот Владимир Петковиќ. Тој го предводеше Алжир 29 месеци.

-Федерацијата изразува искрена благодарност до Владимир Петковиќ и тренерскиот персонал за нивната работа и им посакува секаков успех во нивните професионални кариери, се вели во соопштението за медиумите.

Шеесет и двегодишниот швајцарски тренер беше селектор на алжирската репрезентација од февруари 2024 година. Под негово водство, тимот одигра 33 натпревари: 23 победи, 5 нерешени и 5 порази.

На Светското првенство 2026 година, Алжир освои четири бода во својата група и се пласираше во плејофот, каде што загуби со 2:0 од Швајцарија во првата елиминациска рунда.