Connect with us

Фудбал

И Азија против предлогот на Инфантино

Фудбалската федерација на Азија (АФЦ) се придружи на критиките кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино приватни инвеститори да купат дел од комерцијалните проекти поврзани со Светското првенство и со другите натпреварувања на ФИФА. АФЦ во петокот објави дека е заедно со УЕФА и КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка и Кариби). Овие две организации претходно жестоко се спротивставија на идејата на Инфантино.

УЕФА се закани со бојкот, а КОНКАКАФ ја одби понудата секоја членка да добие по 20 милиони долари. И фудбалската федерација на САД е против планот на ФИФА.

АФЦ (47 членки) смета дека проектот во сегашниот облик нема поддршка од членките на ФИФА.

Планот на Инфантино предвидува создавање на посебна комерцијална компанија на ФИФА вредна околу 20 милијарди долари, со поддршка на американскиот инвеститор Џошуа Кушнер и неговата фирма