Фудбал
Арсенал прави напори за ангажман на Бруно
Првакот на Англија, Арсенал прави напори да го засили својот состав за новата сезона и одбраната на титулата. Прва мета како засилување е капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш и репрезентативец на Бразил, пренесува Би-Би-Си Спорт.
Позитивен момент е и тоа што и фудбалерот го посакува овој трансфер, а Арсенал веќе понуди 70 милиони фунти, кои Њукасл ги одби. Лондонскиот клуб е подготвен да ја зголеми понудата на 80 милиони фунти.
Бруно за Њукасл одигра 195 натпревари, а евентуално заминување за Њукасл ќе биде голем проблем особено што веќе заминаа Сандро Тонали во Тотенхем и Ентони Гордон во Барселона.
август 1, 2026
