Свет
Турција и Ирак ја интензивираат билатералната соработка
По вчерашната средбата во Анкара помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ирачкиот премиер Али ал-Заиди потпишани се пет договори за зајакнување на билатералната соработка.
Анкара и Багдад потпишаа рамковен договор за развој на транспортната инфраструктура во Ирак во замена за природни ресурси.
Другите договори опфаќаат образовна и академска соработка помеѓу Турската национална полициска академија и Ирачкиот полициски колеџ, соработка во областа на младите и спортот и соработка во областа на индустриската сопственост,
Ердоган, на заедничката прес-конференција со Ал-Заиди, наведе дека за Анкара безбедноста и стабилноста на Ирак е неразделна од безбедноста на Турција.
– Се стремиме нашиот регион да биде поврзан со развој, напредок, мир и стабилност од сега па натаму, а не со војни, тероризам или конфликти – истакна Ердоган.
Ал-Заиди посочи дека неговата посета на Турција „не е само протоколарна, туку знак за интензивирање на односите, кои траат со векови“.
Тој ја потенцира соработката на проектот „Пат за развој“, што предвидува изградба на копнен и железнички транспортен коридор од ирачката провинција Басра до турската граница.
– Ирак може да ѝ испорачува на Турција до милион барели нафта дневно – наведе Ал-Заиди.
На средбата беше потпишан и нов договор за нафтоводот Киркук – Џејхан. Турската компанија за нафта преку океан (TPOC) обезбеди партнерство за управување со нафтоводот. Првиот договор за нафтоводот Киркук – Џејхан беше потпишан во 1973, а обновен во 2010 година.
јули 30, 2026
