Connect with us

Останати спортови

Турција ја освои Лигата на нации за одбојкарки

Женската репрезентација на Турција ја освои титулата во Лигата на нации. Ова е втор трофеј за Турчинките, првпат шампионки станаа во 2023.

До трофејот во Макао (Кина), Турција попладнево дојде по победата над Бразил во возбудливиот финален натпревар со 3:1.

Бразил го доби првиот сет со 25:23, во следните три резултатот беше 25:23, 26:24 и 25:21 за Турција.

Капитенката на Турција и либеро, Гизем Ерге се расплака по натпреварот. Зборувајќи низ солзи во интервјуто по натпреварот, таа рече дека е „навистина горда на тимот“ и откри дека играла и покрај силната болка во коленото.

– Ве сакаме многу. Се враќаме дома со трофејот, рече таа.

Во мечот за бронзата, Италиа денес ја совлада Кина со 3:1 (25:16, 23:25, 25:22 и 25:13).