Connect with us

Општини

По патот на Илинденците во Кочани

Илинден не е само датум – тој е симбол на слободата, достоинството и непокорот на македонскиот народ. Наша должност е да ја чуваме традицијата, да им оддадеме почит на хероите и да ги пренесеме нивните вредности на идните генерации, порачуваат од Здружението на граѓани „Осоговски елит“, организатори на настанот што утре ќе се одвива во Кочани. 

Тие ги повикуваат граѓаните заедно и достоинствено да ги испратат кочанските коњаници на нивниот пат кон Крушево, што претставува продолжување, како што велат,  на  една традиција што ги обединува љубовта кон татковината, историјата и македонскиот дух.

Свечена програма, културно-уметнички настапи и заедничкото одбележување на Илинден ќе започнат во 10 часот во „Паркот на Револуцијата“.