Connect with us

Живот

„Огледало на небото“, едно од највпечатливите природни феномени во Кина

На езерото Пингтиен, во кинеската покраина Анхуи, се појавува „огледало на небото“, природен феномен што секојдневно привлекува бројни посетители и фотографи. Совршениот спој на вода, небото и хоризонтот создава впечатлива илузија поради која возилата и возачите изгледаат како да лебдат над површината на езерото. Глетката ве носи во светот на фантазијата, оставајќи силен впечаток кај вас.

Езерото се наоѓа во југоисточниот дел на градот Чиџоу. Во минатото било именувано Баиша, за подоцна да го добие името Пингтиен. Славата ја стекнало благодарение на поезијата на прочуениот кинески поет Ли Бај од династијата Танг. Со суптропска влажна монсунска клима која се карактеризира со благи температури во тек на сите четири годишни времиња, располага со богата флора и фауна.

Пингтиен се наоѓа во суптропскиот климатски појас и има суптропска влажна монсунска клима, која се карактеризира со благи температури во текот на сите четири годишни времиња, изразени монсунски влијанија, обилни врнежи, голем број сончеви денови и долг вегетациски период, што овозможува развој на богата флора и фауна.

Благодарение на добро зачуваната животна средина, чистите води и складниот спој на природните убавини со внимателно уредениот простор, езерото Пингтиен од година во година привлекува сè поголем број домашни и странски туристи. Со својата единствена природна појава, позната како „огледалото на небото“, ова место е едно највпечатливите и најатрактивни дестинации во Анхуи.

Пингтиен денес претставува едно од најпрепознатливите природни обележја на овој дел од Кина.