Connect with us

Фудбал

Баерн и Кејн ќе почнат преговори за нов договор

Англискиот репрезентативец во редовите на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе почне преговори со раководството на германскиот првак за нов договор.
Капитенот на англиската репрезентација има договор до крајот од сезоната, а како што објави денеска Би-Си-Си, раководството на Баерн сака да го задржи во тимот.
Според истиот извор, Кејн е информиран за намерите на клубот и се очекува преговорите да напредуваат во следните неколку недели.
Кејн во 2023 година се пресели од Тотенхем во Баерн, за кој досега одигра 134 натпревари и постигна 146 голови. Со германскиот клуб освои по две титули во Бундеслигата и германскиот Куп.
Шпанскиот првак Барселона и неколку саудиски клубови, наводно, се заинтересирани за услугите на 32-годишниот англиски фудбалер.