Архива
Нацева: Дониравме 22 тона вода во Гостивар, искажав подготвеност и за друг вид помош
Неготинската градоначалничка Марија Нацева информираше дека денеска била во посета на општина Гостивар, каде што била дадена донација од 22 тона вода за пиење.
– Денес како градоначалник на општина Неготино бев во посета на општина Гостивар каде што доделивме донација од 22 тона вода за пиење односно 32 палети се со цел олеснување на секојдневието на гостиварчани кои извесен период се соочуваат со недостиг на чиста вода – соопшти Нацева на Фејсбук.
Таа додаде дека искажала подготвеност на локалната самоуправа и за други видови на помош доколку има потреба.
– На средбата со Мартин Андоновски-советник во општина Гостивар и со командирот на ТППЕ – Гостивар поразговаравме за актуелните случувања на терен, им поскав побрзо справување и решавање на проблемот – додаде Нацева.
Таа упати апел и до сите останати општини да го направат истото.
јули 23, 2026

