Општини
Светиниколските пожарникари гаснеле два пожари
Пожарникарите од ТППЕ-Свети Николе синоќа по силниот ветар гаснеле пожари во кругот на поранешната фабрика „Овчеполка“ во општина Свети Николе и во село Сарамзалино во општина Лозово. Горела трева, но поради силниот ветар во опасност биле и куќите во непосредна близина.
-Во 18.21 часот по силниот ветер, интервенирано е со четири противпожарни возила на запалена трева, ниска вегетација, кровна конструкција од магацин и неколку мали помошни објекти на поранешната фабрика “Овчеполка”, општина Свети Николе.Настаната е материјална штета- велат од ТППЕ-Свети Николе.
Во селото Сарамзалино е интервинирано синоќа во 18.25 часот со едно противпожарно возило на запалена трева каде од силниот ветер во опасност беа куќите во непосредна близина. Откако е завршено со интервенцијата во селото Сарамзалино, возилото и пожарникарите биле пренасочени кон поранешната фабрика.
јули 22, 2026


