Connect with us

Општини

После невремето во Кочани заседаваше кризниот штаб

По вчерашното невреме што го зафати Кочани,  во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување.

На состанокот биле разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните, а надлежните служби ги координираа досегашните активности на терен. Благодарение на нивната навремена интервенција, патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети.


Денеска екипите ќе продолжат со работа на терен, со цел целосно санирање на последиците од невремето и нормализирање на состојбата во сите погодени подрачја.

Сите надлежни институции се меѓусебно координирани и ќе останат во постојана комуникација, со цел навремено преземање на сите потребни мерки и обезбедување безбедност за граѓаните, нагласуваат од Општина Кочани

Ad
Ad