Општини
Краткотрајното невреме повторно предизвика нови големи штети во струмичко и радовишко
Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое втор пат за 24 часа ги зафати струмичко и радовишко, предизвика големи штети.
Според информациите од терен, настрадаа голем број пластеници во струмичко од кои ветрот го искина најлонот, регистрирани се повеќе паднати дрвја, кабли и жици за пренос на електрична енергија, бандери, а оштетени се и повеќе автомобили.
Од невремето општинскиот центар Босилово е без струја, а според објавата на градоначалникот Ристо Манчев, ЕВН прави се што е во нејзина моќ да нормализира снабдувањето со електрична енергија.
Во Радовиш, пак, силниот ветер искршил дел од стариот градски јавор, стар повеќе од 600 години, а на повеќе локации низ градот има паднати дрвја и гранки.
Според информацијата од ТППЕ Радовиш, мобилизирани се четири екипи со вкупно 13 пожарникари кои работат на oтстранување на последиците од невремето
јули 22, 2026

