Формула 1
Ред Бул ја отфрли понуда од три милијарди долари за продажба на Рејсинг Булс
Ред Бул ја отфрли понудата за купување на својот втор тим од Формула 1, Рејсинг Булс, објави „GP Blog“ повикувајќи се на „The Times“.
Понудата за тимот со седиште во Фаенца наводно вредела три милијарди долари и била формирана со учество на фондови со седиште во Абу Даби. Понудата ја подготвиле Дин Атју, поранешен советник на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, и финансиерот Ендру Хариот.
Претходно се очекуваше Атју да ја предводи една од групите инвеститори кои се натпреваруваат за комерцијалните права на Формула 1 од „CVC Capital Partners“, но Либерти Медиа на крајот победи.
Ред Бул е единствената компанија од Формула 1 која поседува два тима.
јули 20, 2026

