Формула 1
Антонели ја освои Големата награда на Белгија
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои Големата награда на Белгија од шампионатот во Формула 1, што се одржа попладнево на патеката Спа-Франкоршан.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор, додека Макс Верстапен во својот Ред Бул заврши трет.
Луис Хамилтон го освои четвртото место и се искачи на второто место во пласманот на возачи, претекнувајќи го Џорџ Расел, со кого се судри на почетокот од трката.
Петтото место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен.
Антонели, ја освои Големата награда на Белгија откако стартуваше од пол-позицијата. Оваа победа беше шеста во сезоната за лидерот и шеста победа во кариерата. Тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, победи на две трки во 2026 година, носејќи им на Мерцедес осум победи во десет трки.
Возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер, победија на по една трка.



