Connect with us

Култура

Меѓународно признание за плакатот за претставата „Трговци со презервативи“ на Струмичкиот театар

Плакатот за претставата „Трговци со презервативи“, во режија на Дејан Ангелов, а во продукција на Театарот „Антон Панов“ од Струмица, е избран во официјалната селекција на Меѓународно биенале на театарски плакат – „TPAM 2026“ во Ерменија, соопштија од оваа културна установа.

-Дизајнот на плакатот е авторско дело на Ване Костуранов, чиј препознатлив визуелен јазик и креативен пристап добиваат значајно меѓународно признание. Избраниот плакат ќе биде претставен на изложбата во рамките на Биеналето, кое ќе се одржи во септември 2026 година, се наведува во соопштението на НТ „Антон Панов“.

Се додава дека ова признание претставува исклучителна афирмација за уметничката работа на целиот тим на претставата и потврда за квалитетот и посветеноста со кои Театарот „Антон Панов“ ја создава и промовира својата театарска продукција.

Ad
Ad