Останати спортови
Погачар: Кога ми е тешко, ми текнува на Ѓоковиќ
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар е победник на 10.та етапа на престижната трка „Тур Д’Франс“. Тој патеката во должина од 165,6 километри ја мина 3 часа 58 минути и 8 секунди и за 32 секунди беше побрз од второпласирани Ремко Евенепол од Белгија.
Погачар, е лидер и носител на „жолтата маица“ и во генералниот пласман има вкупно време од 36 часа 15 минути 2 секунди и има предност од 3 минути и 36 секунди пред вториот Јонас Вингегард од Данска.
Словенецот денеска ја оствари 24.та етапна победа на престижната трка, а новинарите по денешната етапа го прашаа како реагира на свирежите упатени кон него покрај патеката.
– Кога слушам свирежи, всушност тоа се за сите нас, бидејќи никогаш не знаеме кому му се наменети. Ние сите се движиме заедно. Во тие моменти помислувам на тенис, на Новак Ѓоковиќ и неговиот чуден менталитет, изјави четирикратниот победник на „Тур Д’Франс“.
Утре се вози 11.та етапа од Виши до Невер во должина од 161,3 километри.
јули 15, 2026


