Фудбал
СП 2026: Канаваро задоволен од дебито на Узбекистан
Селекторот на репрезентацијата на Узбекистан, Фабио Канаваро, ги искажа впечатоците за дебитантскиот натпревар на репрезентацијата на Светското првенство.
Во натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026 година, Узбекистан ноќеска загуби од Колумбија со 1:3.
– Натпреварот беше интересен. Во второто полувреме успеавме да го свртиме натпреварот, создадовме неколку шанси и се обидовме да ја преземеме контролата врз играта. Прво и најважно, дојдовме тука за позитивно да го претставиме Узбекистан. Можам да кажам дека денешната игра беше добра за нас. Имаше некои грешки и ќе работиме на нив. Секогаш им велам на моите тимови дека треба да бидат активни за време на играта. Играњето против тимови како Колумбија не е лесно. Генерално, игравме добро во второто полувреме. Ќе го паметиме овој натпревар бидејќи е историски за Узбекистан, им рече Канаваро на новинарите.
Колумбија со три бода е лидер во групата К, Португалија и ДР Конго имаат по еден, Узбекистан е на последното место без освоен бод.
јуни 18, 2026


