Connect with us

Фудбал

СП 2026: Колумбија сигурна против Узбекистан, Гана минимално ја совлада Панама

Репрезентациите на Колумбија и на Гана забележаа победи на двата натпревара од Светското фудбалско првенство 2026 играни ноќта среда кон четврток по македонско време.

Колумбиската репрезентација го победи Узбекистан со 3:1 Мексико Сити. Головите за Колумбија ги постигнаа Даниел Муњоз, Луис Дијаз и Хаминтон Кампас. Стрелец за Узбекистан беше Абосбек Фајзулаев.

Колумбија со три бода е лидер во групата К, Португалија и ДР Конго имаат по еден, Узбекистан е на последното место без освоен бод.

На „БМО Филд“ во Торонто, Гана ја победи Панама со 1:0. Единствениот гол го постигна Калеб Јиренки во 90+5.минута.

Во Л-групата води Англија со три бода, исто толку има и Гана, Панама и Хрватска се без бодови.

Во второто коло, Гана ќе се соочи со Англија, додека Панама ќе се игра со Хрватска.

Ad
Ad