Фудбал
Вторпат во историјата жена ќе биде главна судијка на натпревар од Светско првенство
Жена судијка ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главна судијка на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка.
Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 јуни) во Атланта со почеток во 18 часот по македонско време.
Стефани Фрапар од Франција стана првата жена судијка на еден Ммндијал. Таа на Светското првенство во 2022 година го судеше натпреварот од групната фаза помеѓу Германија и Костарика (4:2).
јуни 18, 2026

