Connect with us

Фудбал

СП 2026: ФИФА не пронајде никакви докази за прекршување на етичкиот кодекс од страна на австралискиот судија Еванс

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дека не пронашла докази за прекршување на нејзиниот Дисциплински кодекс од страна на австралискиот судија Шон Еванс на Светското првенство во 2026 година.

Еванс за време на претставувањето на ВАР судиите пред натпреварот Германија – Курасао, направи гест кој наликува на превртен знак „ОК“ користен од крајно десничарски активисти.

– Независниот дисциплински комитет на ФИФА може да потврди дека, по прегледот на случајот во кој е вклучен Шон Еванс, ВАР, не пронашол докази за прекршување на Дисциплинскиот кодекс на ФИФА. Дисциплинскиот комитет, исто така, ја зеде предвид изјавата на г-дин Еванс“, се вели во соопштението на организацијата.

Триесет и осумгодишниот Еванс беше именуван на списокот на судии на ФИФА во 2017 година.

Ad
Ad