Connect with us

Општини

Во Охрид 11 издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Со изведбата на претставата „Маски“, по авторство и режија на Емилија Блажеска, Јованка Сион-Доленц, Весна Терзиоска и Даниел Наумоски, а во изведба на театарската група на Црвениот крст од Охрид, денеска ќе биде отворено 11. издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Фестивалот, што ќе се одржува до 13 јуни, е во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, како дел од активностите насочени кон промоција на хуманите вредности и развој на креативноста кај младите.

Според организаторот на Фестивалот, целта на манифестацијата е поттикнување на младите за развој на нивниот театарски потенцијал, сценско изразување и изведба на театарски претстави.

„Настанот претставува можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвениот крст – Охрид, како и поттик за вклучување на нови учесници и развој на актерските вештини. Фестивалот придонесува за унапредување на театарската култура кај младите и пошироката јавност, а воедно го означува и почетокот на културното лето во Охрид“, наведуват организаторите на манифестацијата.

Во четиридневната програма ќе бидат изведени пет претстави, во кои ќе настапат повеќе од 40 млади аматерски актери од организациите на Црвен крст од Охрид, од Суботица, Ужице и Крагуевац од Србија, како и од црногорскиот град Бар.

Влезот за сите претстави е слободен.

Ad
Ad