Connect with us

Фудбал

СП 2026: Премиерот на Британска Колумбија го покани сомалискиот судија Артан да суди натпревари во Канада

Дејвид Еби, премиер на Британска Колумбија, една од најголемите канадски провинции, ја објави својата подготвеност да го пречека сомалискиот судија Омар Артан, на кого му беше забранет влез во САД.

Сомалиецот беше вклучен од ФИФА на списокот на судии за Светското првенство во 2026 година, но му беше забранет влез на аеродромот во Мајами без објаснување.

– Нека суди натпревари во Ванкувер – напиша Еби на својот профил на Икс.

Британска Колумбија ќе биде домаќин на седум натпревари од Светското првенство во 2026 година. Сите ќе се играат на стадионот БЦ Плејс во Ванкувер: 
Австралија против Турција (13 јуни)
Канада против Катар (18 јуни)
Нов Зеланд против Египет (21 јуни)
Швајцарија против Канада (24 јуни)
Нов Зеланд против Белгија (26 јуни)
два натпревари од плејофот на 2 и 7 јули.

Ad
Ad