Connect with us

Општини

Во Кочани „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“ – зајакнување на културната соработка преку универзалниот јазик на храната

Мирисите на шпанската и македонската кујна денеска се споија во Кочани, каде што се одржа гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“.

Настанот привлече бројни посетители кои имаа можност да проследат кулинарски презентации и да дегустираат специјалитети подготвени од кочански ориз и традиционални шпански рецепти.

Централно место во програмата имаше шпанскиот кулинарски експерт Луис Аруфат, кој пред присутните ги демонстрираше техниките и специфичностите на шпанската гастрономија со кочанскиот ориз.

Преку подготовката на повеќе јадења, тој ја истакна вредноста на квалитетните локални производи и размената на кулинарски искуства меѓу различни култури.

Настанот се одржа на Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“ и понуди можност за запознавање со гастрономските традиции на двете земји.

Организаторите оценија дека ваквите средби придонесуваат за промоција на локалните производи, но и за зајакнување на културната соработка преку универзалниот јазик на храната.

„Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“ се реализираше со поддршка на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1