Connect with us

Општини

Епархиско свештеничко собрание на Брегалничката православна епархија на Пониква

Митрополитот Брегалнички господин Иларион, денеска на празникот на светите маченици Талалеј и Аскалон, отслужи Света архиерејска литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во манастирот „Св. Василиј Велики” на Пониква.

По Божествената литургија беше одржано редовното Епархиско свештеничко собрание на кое претседаваше митрополитот Иларион, во присуство на свештенството од Брегалничката православна епархија.

На собранието се разговараше за работата на епархиските архиерејски намесништва, а митрополитот Иларион даде напатствија и поуки за разрешување на проблемите од севкупниот црковен живот во епархијата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1