Connect with us

Општини

Крива Паланка и Ќустендил заедно пуштија нов адреналински парк во Ќустендил – силна порака за прекугранична соработка

Градоначалниците на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и на Општина Ќустендил, Огњан Атанасов, заедно ги пуштија во употреба новиот адреналински парк и еко-патеката во шумскиот парк „Хисарлака“, во рамки на заедничкиот прекуграничен проект  „Прекугранична атрактивност паметен туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“.

Од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка информираат дека овој настан претставува уште една потврда за успешната и континуирана соработка меѓу двете општини, насочена кон создавање современи туристички содржини и унапредување на регионалниот развој.

-Испраќаме силна и јасна порака дека Ќустендил и Крива Паланка, како гранични општини, граничниот премин го гледаат како можност за развој на регионот. Тука сме заедно, двата народа и двете општини, да градиме блиски односи и да реализираме заеднички проекти, истакнал Митовски во обраќањето на настанот, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека прекуграничната соработка носи конкретни придобивки за граѓаните од двете страни на границата преку развој на туризмот, подобрување на локалната економија и зајакнување на пријателските односи и меѓусебната доверба.

Во рамки на проектот „Прекугранична атрактивност паметен туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“ се реализираат низа активности што значајно го збогатуваат туристичкиот потенцијал на регионот. 

-Во рамки на истиот проект, во завршна фаза е и изградбата на адреналински парк на Калин Камен во Крива Паланка, што наскоро ќе биде свечено пуштен во употреба, а истиот ќе ја збогати туристичката понуда на регионот, велат од општината, нагласувајќи дека ваквите заеднички иницијативи на двете општини уште еднаш ја потврдуваат обостраната посветеност кон одржлив развој, регионално поврзување и јакнење на прекуграничната соработка.

Проектот „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка-Невестино“ се реализира во рамки на ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија, со кој Општина Крива Паланка гради адреналински парк вреден 280.000 евра.Партнери во проектот се: Општина Ќустендил, Општина Крива Паланка, Центар за развој на третиот Североисточен плански регион, Општина Невестино, Трговско-индустриска комора Ќустендил, Национална установа – Музеј Куманово.Вкупниор буџет на проектот за сите партнери е 975.730 евра од кои за Крива Паланка се предвидени 305.000 евра.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1