Останати спортови
Норвешка освои медал на Светското првенство во хокеј за прв пат во својата историја
Норвешка попладнево ја победи Канада во натпреварот за третото место на Светското првенство во хокеј на мраз 2026 година со 3:2 по продолжение.
Норвешката репрезентација освои бронзен медал, прв на едно Светското првенство во хокеј на мраз.
Стрелци на головите за Норвежаните беа Петерсен, Солберг и Стин, за Канада двата погодока беа дело на Роберт Томас.
Во големото финале вечер од 20:20 часот ќе играат Швајцарија и Финска.
јуни 1, 2026
