Connect with us

Политика

Манасиевски: На проевропскиот СДС најблиски им се проруските бизнисмени Онишченко, Борче Марковски и Дака

СДС и Венко Филипче упорно се трудат да се претстават како проевропска опција, додека најблиски им се проруските бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака.

Во времето на владеењето на менторот на Филипче, Зоран Заев, овие проруски бизнисмени добиваа тендери, плацеви, па дури и државјанства само поради соработката и блискоста со Зоран Заев.

СДС и Филипче се проевропски ориентирани само на хартија, а во реалноста се сосема поинакви. Доказ за тоа е злоупотребата на Европското знаменце во Собранието кога тие беа на власт, за што добивавме негативни извештаи од Брисел.

Кога СДС и Филипче говорат за Европа, се потсетуваме на нивните ветувања за бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето ова добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ.

СДС и Филипче се антипод на Европа. Тие се партија која е полна со корупција и криминал.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на достоинствен, чесен и исправен начин ќе ја внесе Македонија во ЕУ.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1