Фудбал
Алегри за ремито со Фиорентина: Треба да бидеме лути поради загубата на бодови
Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри е лут на неговите фудбалери по денешното реми 1:1 со Фиорентина во 5. коло од Серија А.
– Мислам дека одигравме квалитетен натпревар од техничка гледна точка – имавме две шанси каде што ја погодивме пречката, но понекогаш треба да бидеме порешителни во завршувањето на нападите и одбраната пред сопствениот гол. Многу зависи од упорноста со која играчите ја бркаат топката – и во нападот и во одбраната во сопствениот шеснаесетник. Можеби се подобруваме, но сè уште имаме долг пат. Самото поседување на топката не е доволно. Треба да создаваме и да реализираме повеќе шанси за гол. Работиме на сите аспекти од играта, но апсолутно треба да останеме фокусирани, изјави Алегри.
Тој очекува уште многу слични вакви натпревари во продолжение на сезоната.
– Има многу силни тимови оваа сезона, па затоа лигата е многу тешка. Денес треба да го напуштиме теренот лути, бидејќи можевме да играме подобро во голем број ситуации. Треба да бидеме лути поради оваа загуба на бодови, во спротивно ситуацијата ќе биде загрижувачка, рече Алегри во интервју за „DAZN Italia“.
Наполи од пет кола има седум освоени бодови и е во средината на табелата во Серија А.
септември 21, 2026
