Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со едното око намигнува на Европа, а со другото на блиските проруски соработници Онишченко, Дака, Борче Марковски

Двојните стандарди на СДС и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДС и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина.

Дека СДС и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДС се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација.

СДС на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки и изјави постојано ја доведуваат во прашање таа определба.

СДС на чело со Филипче само декларативно се залага за Европа додека шири лаги, конструкции и свесно погрешно интерпретира ставови од европски претставници како случајот со Томас Вајц обидувајќи се да креира хаос, недоверба и да шири паника.

СДС е партија на криминал и криминалци во своите редови и додека се продаваат како европска опција најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени.

Реториката на Филипче се коси со европските вредности особено кога нивните ставови се во спротивност со пораките и позициите на европските институции и претставници, па веднаш се демантирани.

Филипче нема кредибилитет, тој само слепо го следи неговиот ментор Заев со кој е поврзан и преку бизнис шеми со лица кои имаат проруски интереси. Релациите на Филипче и СДС со лица кои имаат проруски интереси ги доведуваат во прашање вистинските приоритети на СДС и насоката каде се движи партијата.

Граѓаните заслужуваат јасна, доследна и кредибилна европска политика основана на јасни резултати, а не политички пораки на СДС кои се менуваат во зависност од личните интереси на Филипче и кланот Заеви.

Само со реформи, конзистентност и владеење на правото и правната држава се гради доверба и реален напредок кон Европската Унија, СДС и Филипче тоа не го нудат.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2