Општини
Борачот Ангелов ја доби спортската стипендија што ја доделува Општина Кочани
Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигна во борењето минатата година.
-Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост ги исполни пропишаните услови за користење на општинската спортска стипендија, соопшти денеска Општината.
Во период од 10 месеци, Филип Ангелов ќе биде стипендиран со месечен износ од три илјади денари.
Годинава, од вкупно четирите пријави за спортски стипендии, пријавената кандидатка за стипендија во спортови во женска конкурецнија не го исполни основниот критериум – да не е корисничка на оваа стипендија повеќе од двапати едноподруго.
Општинската стипендија за спортист и спортистка – спортски надежи има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат резултати.
април 30, 2026

