Connect with us

Фудбал

Седум бундеслигашки клубови ќе играат во Европа

Откако Штутгарт го победи Фрајбург со 2-1 во четвртокот вечер и дојде до финалето на германскиот Купа, пласман во европските купови следната сезона обезбеди и седмопласираниот тим во Бундеслигата.

Вообичаено шест германски тимови обезбедуваат место во европските натпреварувања на УЕФА преку Бундеслигата. Екипите од првото до четвртото место одат во Лигата на шампиони, петтото место носи настап во Лигата на Европа, а шестото место води во Конференциската лига. Победникот на Купот има загарантирано место и во Лигата на Европа.

Сепак, бидејќи Баерн и Штутгарт, два тима кои веќе обезбедија место во Европа, стигнаа до финалето на Купот, јасно е дека седмопласираниот тим од германското првенство ќе добие право да игра во Конференциската лига, додека освојувањето на петтото и шестото место ќе обезбеди место во Лигата на Европа.

Штутгарт е сè уште во борба за Лигата на шампионите. Во моментов е на четвртото место со 56 бодови, три зад третопласираниот Лајпциг, два пред петтопласираниот Хофенхајм и четири пред шестопласираниот Баер.

Фрајбург е на седмото место со 43 бодови, а Ајнтрахт сега има шанса да се пласира во Конференциската лига, заостанувајќи само бод зад Фрајбург

Маркетинг
Ad 3
Ad 3