Connect with us

Фудбал

Димитриевски во тимот на колото во шпанската Примера

Стандардниот голман на македонската фудбалска репрезентација се најде во идеалниот тим на изминатото коло во шпанското првенство.

Валенсија во 32 коло одигра нерешено 1-1 на гостувањето против Мајорка, а Димитревски беше најзаслужниот за освоениот бод.

Одличниот настап на македонскиот голман му донесе место во тимот на колото со оценка 8.8.

Валенсија е на 14 место на табелата со 36 бодови, само три повеќе од зоната на испаѓање и до крајот на сезоната ја очекува битка за опстанок во шпанската Примера

Маркетинг
Ad 4
Ad 4