Connect with us

Фудбал

Нови проблеми во бразилскиот состав, Естевао неизвесен за СП

Како што се приближува почетокот на Светското фудбалско првенство, проблемите се натрупуваат за бразилската репрезентација, која најверојатно ќе биде без својот силен адут, 18-годишниот играч на Челзи, Естевао.
Фудбалерот на лондонскиот премиерлигаш ја повреди тетивата за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот фудбалер потоа беше подложен на магнетна резонанца и сите потребни дополнителни тестови кои ја потврдија сериозноста на повредата.
Иако никој официјално не објави колку време би можел да отсуствува Естевао, англиските медиуми наведуваат дека е малку веројатно дека ќе може да биде подготвен за Светското првенство.
Претходно се повреди ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго, додека неговиот сонародник од Барселона, Рафиња, исто така, е повреден, но неговиот настап на Светското првенство не е доведен во прашање.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2