Connect with us

Свет

Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција

Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи.

Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се повредени 13 лица, од кои шест се на интензивна нега, тројца се во критична состојба.

Нападот се случи во средното училиште „Ајсер Чалик“ во провинцијата Кахраманмараш, каде на лице место беа убиени наставничката по математика Ајла Кара и девет ученици.

Напаѓачот, 14-годишниот Иса Арас Мерсинли, исто така починал за време на инцидентот. Гувернерот Мукерем Унлуер изјави дека не е целосно утврдено како настрадал, додавајќи дека случајот е под истрага.

Според првичните информации, ученикот во средата отворил оган во две училници. Се претпоставува дека оружјето го зел од својот татко, пензиониран полицаец.

Властите соопштија дека мотивите за нападот засега не се познати и дека истрагата е во тек.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3