Connect with us

Општини

ДЗР објави извештај од ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста на Агенцијата за катастар на недвижностите за 2024 година

Државниот завод за ревизија денеска објави конечен ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста на Агенцијата за катастар на недвижностите за 2024 година за сметка на основен буџет 637 и сметка на буџет од самофинасирачки активности 787.

Како системска слабост, која е утврдена, Државниот завод за ревизија наведува дека не се доделени идентификациски броеви на државните органи и правните лица основани од државата поради неможност надлежното министерство да ги вклучи во својата евиденција. 

Во клучните утврдени состојби е посочено дека расходите за реставрирање градежен објект не се искажани како инвестиции во тек, како и дека нецелосно е извршен попис на средствата и нивните извори. Исто така и дека обврските спрема добавувачите се прикажани во помал износ, а  дека за приходите од платени надоместоци преку ПОС терминали кои деловна банка ги уплатува на сметка на Агенцијата не постои поврзаност по одделни архивски броеви според видот на извршената катастарска услуга. 

– Постојат недоследности во ангажирањето на лица со договор на дело, дел од предметите за извршени услуги за издавање на податоци и вршење промени во Геодетско-катастарски информационен систем не се целосно комплетирани а дел од документацијата не е потврдена со потпис/е-потпис,  а има и слабости при спроведување на јавните набавки, се вели во ревизорските наоди.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1