Општини
Јанчев: Нов кружен тек ќе се гради во Кавадарци, кај што ќе биде отворен Лидл
Нов кружен тек ќе се гради во новиот центар во Кавадарци, кај што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и Лидл, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев во изјава за медиумите, при вовед во работа за кружен тек на Северен Булевар.
– Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерната и функционална урбана средина, рече градоначалникот.
Тој истакна дека овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.
– Побрз сообраќај, поголема безбедност, подобра поврзаност. Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите, нагласи Јанчев.
Задоволство од реализацијата на новиот кружен тек, изразија и претседателот на Совет на Општина Кавадарци и претставник од компанијата Лидл.
април 4, 2026


