Connect with us

Фудбал

Демфрис од Интер во Реал

Дефанзивецот на Интер, Дензел Демфрис ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, јавија денеска италијанските медиуми, додавајќи дека 30-годишниот Холанѓанецот веќе се договорил за условите со Кралскиот клуб.
Договорот на Демфрис со Интер истекува во јуни 2028 година, но преговорите за обесштетување не беа потребни поради откупната клаузула од 20 милиони евра, која се очекува Реал да ја активира следната недела, по претседателските избори закажани за в недела.
Холандскиот репрезентативец му се приклучи на Интер во летото 2021 година од ПСВ Ајндховен во трансфер вреден 14,75 милиони евра. На 217 натпревари во дресот на Интер постигна 29 голови и додаде 23 асистенции.
За холандската репрезентација досега одигра 71 натпревар, постигнувајќи 11 голови.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1