Connect with us

Фудбал

Хојлунд останува во Наполи

Напаѓачот на данската фудбалска репрезентација Расмус Хојлунд (23) ќе остане во Наполи, откако италијанскиот клуб го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед за 50 милиони евра, објавија денеска двата клуба.
Хојлунд настапуваше минатата сезона како позајмен во Наполи и постигна 16 голови, додавајќи и осум асистенции на 44 натпревари. Со тоа му, помогна на својот клуб да го освои италијанскиот Суперкуп и да заврши на второто место во Серија А.
Наполи е втор италијански клуб во кариерата на Хојлунд, кој во сезоната 2022/23 настапуваше за Аталанта.
Пред да му се приклучи на Наполи, данскиот репрезентативец играше две сезони во Манчестер Јунајтед и постигна 26 голови на 95 натпревари.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1