Connect with us

Кошарка

НБА ќе добие нов шампион, Сан Антонио ја елиминира Оклахома

Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити со 111:103 на гостински терен во седмиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА плејофот.

Ниту 35-те поени на Шеј Гилџус-Александар не беа доволни актуелниот шампион да се избори за ново финале. 

Најдобри во гостинскиот тим беа Вембањама (22 поена), Шампањ (20), Касл (16).

Сан Антонио ја доби серијата „подобар од седум“ со 4-3. 

Во големото финале Спарс за противник ќе го имаат тимот на Њујорк никс.

Ad
Ad