Кошарка
Оклахома без Вилијамс во мајсторката со Сан Антонио
Кошаркарот на Оклахома Сити тандер, Џејлен Вилијамс, нема да игра во седмиот натпревар од плејофот на НБА против Сан Антонио.
Вилијамс ја влоши повредата на тетивата во вториот натпревар од серијата. Потоа ги пропушти следните три средби. Во шестиот натпревар, тој влезе од клупата и играше 10 минути. Тандер загубија со 91:118.
Тренерот Марк Дејно истакна дека Вилијамс е далеку од својата најдобра форма и се вратил на теренот за да му помогне на тимот колку што може.
-Тој не го помина целиот протокол за враќање во игра како што би го направил во регуларната сезона, но само сака да направи сè што може за да му помогне на тимот. Му оддавам пофалби за излегувањето. Тој направи сè што можеше, изјави Дејно за „ESPN“.
Во шестиот натпревар, Вилијамс постигна еден поен, имаше една асистенција и направи две изгубени топки.
Одлучувачкиот натпревар во серијата помеѓу Оклахома Сити и Сан Антонио ќе се одржи на 31 мај. Победникот од серијата ќе игра против Њујорк во големото финале.
мај 30, 2026
