Connect with us

Кошарка

Вембањама прогласен за МВП во финалето на Западната конференција

Сан Антонио ноќеска ја  победи Оклахома Сити (111:103) во седмиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА.

Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалето на Западната конференција.

Во серијата против Тандер, 22-годишниот француски кошаркар имаше просек од 27,3 поени, 10,9 скока, 3,1 асистенции, 1,4 украдени топки и 2,7 блокади за 37,7 минути.

Тој заврши трет во гласањето за најкорисен играч во НБА за сезоната 2025/26. 

Воедно, Вембањама беше прогласен и за одбранбен играч на годината.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1