Хроника
Во Велес 71 годишна жена на балкон повредена со тврд предмет од друго лице
Вo СВР Велес, 71 годишната Б.Ш. синоќа во 18:50 часот пријавила дека додека била на терасата од семејниот дом, дошол 41 годишниот Б.У. од Велес и по вербална расправија, фрлил тврд предмет кон неа при што и нанел повреда.
Како што најавија денеска од СВР Велес, по документирање на настанот против Б.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.
мај 27, 2026
