Хроника
На ГП „Блато” приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со меѓународна потерница.
– Вчера во 8 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато” , на влез во државата, го лишија од слобода С.Х.(51) од Република Албанија. При извршени гранични проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ на барање од Интерпол Луксембург, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

