Хроника
Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Кочани
Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на излезот од градот, кај Грдовска петла.
Според првичните информации, комбе со винички регистарски таблички удрило во мотоцикл управуван од сега веќе починатото лице.
Од силината на ударот мотоциклистот починал на самото место.
На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Министерството за внатрешни работи, Итната медицинска помош, како и други надлежни служби, кои извршиле увид.
мај 27, 2026
