Connect with us

Формула 1

Мерцедес во првиот ред за спринтот на ГН на Канада

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел постигна најдобро време во квалификациите за спринт трката за Големата награда на Канада. Британецот до пол позицијата стигна со време на круг 1:12.965 минута, а второ време постигна неговиот клупски колега и лидер во шампионатот Кими Антонели.

Вториот стартен ред ќе го пополнат возачите на Мекларен, актуелниот шампион Ландо Норис и Оскар Пјастри. Во третиот ред ќе бидат двата болида на Ферари со седумкратниот шампион Луис Хамилтон и Шарл Леклер.

Спринт трката ќе се вози во сабота од 18 часот на патеката Жил Вилнев. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1