Хроника
Приведен скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол во Аеродром
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д. (27) од Скопје.
Според информациите, околу 16:20 часот на подрачјето на Аеродром, тој од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое било во движење, пукал во воздух со сигнален пиштол.
Со Ф.Д. бил извршен службен разговор, а од него бил одземен сигнален пиштол со рамка во која имало 11 парчиња муниција од калибар 9 милиметри, за кој не поседувал дозвола.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по негово документирање против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.
мај 12, 2026
