Останати спортови
МотоГП: Безеки од полпозицијата на трките во Сан Марино
Италијанскиот возач Марко Безеки (Априлија) од полпозицијата ќе стартува во спринтот и трката за Големата награда на Сан Марино на патеката во Мизано.
Безеки до полпозицијата дојде со нов рекорд на патеката откако ја мина делницата од 4,226 км за една минута и 29,982 секунди, со просечна брзина од повеќе од 169 км/ч.
Безеки, кој во моментов е трет во генералниот пласман на светскиот шампионат во МотоГП, заврши пред седумкратниот светски шампион, Шпанецот Марк Маркез (Дукати).
Лидерот во шампионатот Шпанецот Хорхе Мартин (Априлија) ќе стартува од петтото место на спринт трката, чиј почеток е закажан за попладнево во 15 часот и на Големата награда в недела од 14 часот.
септември 12, 2026
