Свет
Лидерката на шведската опозиција, Андерсон доби можност да формира влада
Претседателот на шведскиот парламент, Андреас Норлен денеска побарал од лидерката на опозицијата, Магдалена Андершон од Социјалдемократите, да ја истражи можноста за формирање нова влада по победата на централно-левичарските партии на парламентарните изборите во недела., што се одржаа на 13 септември.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон од десничарската Умерена партија вчера поднесе оставка по поразот на неговата коалиција, составена од четири партии.
Андерсон изјави дека е подготвена да започне со работа за формирање влада.
Таа се соочува со тешка задача да постигне договор меѓу четирите централно-левичарски партии во Шведска, од кои некои изјавија дека не сакаат да ги здружат силите или да поддржат влада во која не се дел.
септември 19, 2026
