Фудбал
Севиља „бега“ од зоната за испаѓање
Екипата на Севиља со победата синоќа над Реал Сосиедад од 1:0 освои нови три бодови и ја „напушти“ зоната за испаѓање во Примера. Севиља на домашен терен во последниот натпревар од 34.коло ја совлада екипата на Реал Сосиедад со 1:0 и ја оствари десетата победа.
Решавачкиот гол во 50.минута го постигна Алексис Санчез.
До крајот на сезоната во шпанското првенство има да се одиграат уште четири кола, а во опасната зона за испаѓање се од 12.то пласираната Валенсија со 39 бодови, колку што има и Еспањол, Елче, Мајорка и Џирона имаат по 38, Севиља 37, како и 18.то пласираниот Алавес.
мај 5, 2026

