Connect with us

Фудбал

Доку ја продолжи неизвесноста околу титулата во Премиер лигата

Со голот на Џереми Доку во судиското надополнување на вториот дел екипата на Манчестер Сити остана непоразена на гостувањето кај Евертон и дуелот заврши 3:3. На тој начин „граѓаните“ заостануваат пет бодови зад лидерот Арсенал и натпревар помалку до крајот на Премиер лигата.

Манчестер Сити на последниот дуел од Премиер лигата од 35.коло поведе на гостувањето кај Евертон со голот на Доку во 43.минута. Но, во вториот дел одбраната на Манчестер Сити правеше грешки и Евертон дојде до водство од 3:1. Во 68.минута погреши Марк Геи и Тиемо Бари изедначи на 1:1, а пет минути подоцна по корнер Џејк О‘ Браен донесе водство од 2:1 за Евертон. Домашниот тим со вториот гол на Бари поведе со 3:1 во 81.минута, а Ерлинг Халанд во следната намали на 3:2 потоа следеше вториот гол на Доку за 3:3.

Арсенал има 76 бодови, а Манчестер Сити 71, притоа Арсенал има и подобра гол-разлика.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3